Блог

Маџун

Едно од основните правила на здравата исхрана е замена на белиот шеќер со природен засладувач како што е медот, јачменовиот слад или кафеавиот нерафиниран шеќер. МАЏУНОТ природен засладувач од грозје подготвен според традиционален македонски рецепт.

Маџунот или уште наречен гроздов слад, е специјалитет добро познат на нашите предци како по својот оригинален вкус и арома така и по благотворното дејство врз човековото здравје. Маџунот се добива со изварување на гроздовиот сок исцеден од меленото грозје.

За гроздовиот сок се вели дека е хранлив како и мајчиното млеко. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанции, танини, флавоноиди. Токму поради тоа Маџунот представува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогне да го сочувате и подобрите здравјето.

Но Маџунот не е само тоа. Тој е одлично природно лековито средство за зајакнување на имунолошкиот систем, но помага и при настинки и инфекции на респираторниот тракт. Една лажичка Маџун во текот на денот е одлична превенција од овие заболувања и ќе ви помогне да ги одбегнете честите нарушувања на здравјето.

Маџунот можете веднаш да го воведете во секојдневната исхрана и тоа пред се за засладување на напитоците, чајот, млекото, житните каши, муслите или пак како прелив на тортите и колачите. Научете ги своите најблиски на здрави прехранбени навики заменувајќи го белиот шеќер со Маџун. Со тоа не само што ќе го подобрите вкусот на тоа што го конзумирате туку ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на здравјето и психофизичката состојба.

Други објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *