Испорака

Се стремиме кон тоа нашите производи да ви бидат доставени во рок од 24 часа откако сте ги нарачале/купиле.
Нарачаните производи ќе ви бидат доставени со испратница и фактура за извршеното плаќање.
Купените производи ќе ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Испораката е бесплатна.
Производите ќе ви бидат испорачани следниот ден или во временски период според вашите потреби.
Порачаните производи во сабота или неработен ден ќе Ви бидат доставени следниот работен ден.
На денот на испораката, доколку претставникот за испорака не успее да ве најде и да ви ја предаде пратката ќе ви биде доставена писмена информација за направениот обид.
Доколку порачаниот производ не може да ви биде испорачан од наша страна, ќе бидете контактирани преку податоците кои ги имате доставено при регистрацијата.


Враќање/Рекламација на производи

Органаутс Дооел обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од www.organaus.com
Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на Органаутс Дооел во Контакт центарот на  моб: 075/200-816  или писмено преку e-mail: [email protected]


Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:

  • испорака на производи кои не се нарачани.
  • испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба.
  • испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот.

Во случај да не е во можност да испорача други производи, Органаутс Дооел ќе му ги надомести на купувачот неговите трошоци и вредноста на производите кои не може да му се испорачаат.
Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. При таков случај, ве молимe да нè информирате за вашето барање и да го доставите на адреса:

Органаутс Дооел
Инстустриска бр. 7
Неготино


Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.
Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50 – 80% од цената на чинење.
Органаутс Дооел има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страниците на Органаутс дооел.
Изјава за заштита и чување на личните податоци од неовластено користење
Органаутс Дооел се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници.
Ги регистрираме само основните податоци потребни за непречена работа и истите ги користиме за информирање на корисниците за начинот на нивното користење.
Постојано им даваме на корисниците можност за избор при употребата на нивните податоци, вклучувајќи ја и одлуката дали тие сакаат или не нивното име да се избрише од листата која се користи за маркетинг кампањите.
Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни се само на оние лица кои ги извршуваат непосредните активности вклучени со корисниците.
Сите лица во Органаутс Дооел и фирмите партнери се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.