Сигурност
Дали е безбедно да ги дадам моите податоци при плаќање?
Можете да бидете спокојни и уверени дека приватноста и заштита на вашите податоци кога купувате од vitamini.mk се наш приоритет. Секој од вашите приватни податоци, лозинки и платежни детали се осигурани со енкрипција.
Што се случува со моите лични податоци?
Секој податок што ќе ни го дадете ќе го чуваме со најголема грижа и нема да биде искористен на начин на кој не сте се согласиле.
Политика за приватност
Нашата политика за приватност опфаќа разни начини на кои https://organauts.com во понатамошниот текст „Давател на услуги“, ги третира информациите што ги доставувате при користење на https://organauts.com (во натамошниот текст „веб-сајт“). Наша цел е да Ви обезбедиме информации прилагодени на вашите потреби како поединец и истовремено да ја заштитиме Вашата приватност согласно Законот за заштита на лични податоци и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци на Република Македонија од страна на ДЗЛП.
Ве молиме внимателно да ја прочитате Политиката на приватност која е истакната на https://organauts.com Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи дека ја прифаќате нашата Политика на приватност. Доколку не се согласувате со оваа Политика на приватност, Ве молиме да не го користите веб-сајтот.
Не прифаќаме каква било одговорност за штетите што настанале при склучување договор, водење судска постапка или друго, доколку штетата настанала поради користење или неможност за користење на нашата страница или поради одлука која била донесена како резултат на посета на страницата. Со исклучок на материјалите кои се од правен карактер останатите материјали претставуваат наши гледишта и ставови – тие не се правен или стручен совет. Нашата Политика за приватност може повремено да се менува, без претходно известување. Вашето користење на сајтот подразбира дека ги прифаќате евентуалните измени на Политика за приватност.
Кои податоци ги прибираме?
Ние прибираме информации за Вас кога се регистрирате на нашата веб страна, кога правите нарачка/купувате или кога се претплатувате/најавувате на нашиот билтен (newsletter). Кога нарачувате или се регистрирате на нашиот веб сајт, можно е да побараме од вас, да ги внесете следните информации: име и презиме, е-маил адреса, адреса, телефонски број како и број на платежна картичка, датум на истекување, име и презиме од страна на Casys (http://casys.com.mk). Вие можете, исто така, да го посетувате нашиот веб сајт анонимно. Нашата веб страна претставува медиум преку кој вашите податоци се проследуваат до Тримекс Дооел за обработување на вашата нарачка.
vitamini.mk има пристап до основните податоци како име и презиме, телефон, адреса, е-маил, но нема пристап до вашите осетливи податоци, како платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Вашата интернет трансакција ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од кредитни картички на Casys (http://casys.com.mk). Порталот користи најнова технологија за заштита на вашите податоци кој овозможува бројот на вашата картичка да се испраќа директно до банката преку сигурна конекција.
Исто така, нашите сервери може автоматски да прибираат информации за Вашиот компјутер кога го посетувате веб-сајтот, вклучително, но не ограничувајќи се на видот на прелистувач кој го користите, оперативниот систем, веб-сајтот од кој сте дошле, и Вашата интернет протокол (“IP”) адреса. Вашата IP адреса обично има врска со местото од кое се поврзувате на интернет, како на пр. Вашиот интернет провајдер, Вашата компанија или универзитет.
Како ги користиме вашите податоци?
Било кој податок, даден од ваша страна може да биде искористен на еден од следниве начини:
- За да ви овозможиме пристап до веб продавницата и за да се исполни и процесира вашата нарачка
- За процесирање на трансакции Вашите информации, дали јавни или приватни, нема да бидат продадени, разменувани, пренесувани или дадени на друга компанија од било која причина без ваша согласност, освен исклучиво за испорака на купениот прозивод или услуга побарана од ваша страна
- За испраќање на периодична е-пошта со информација или промена во однос на нарачката, промоции, анкети или други слични функционалности на веб сајтот со претходна Ваша согласност
- На сите Ваши пораки преку е-пошта ќе Ви биде одговорено на истата email адреса од која сме го добиле барањето. Нема да ја користиме таа адреса за ниту една друга цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање.
Чување на личните податоци
Ние имплементираме различни безбедносни мерки за одржување на безбедноста на вашите лични податоци, кога нарачувате или внесувате, поднесувате или пристапувате кон вашите лични податоци. Ние користиме сигурносен сервер. Сите податоци за платежната картичка се трансмитираат преку Secure Socket Layer (SSL) технологија и потоа се енкриптираат во базата на податоци на провајдерот на платежниот систем (Payment Gateway Database). Пристап кон овие податоци имаа исклучиво авторизирани лица со специјални пристапни права кон системите и се обврзани да ја чуваат тајноста на податоците.
ОРГАНАУТС ДООЕЛ Неготино согласно член 27 став 2 точка 8 и член 31 од Законот за заштита на лични податоци изјавува дека интернет страната www.organauts.com е хостирана во ЕУ.
Дали користиме колачиња (cookies)?
Да. „Колачиња“ се мали фајлови кои веб сајтот ги пренесува на Вашиот компјутер преку Вашиот веб прелистувач (доколку дозволите), а тие овозможуваат веб сајтот да го препознае Вашиот веб прелистувач и да препознае и запомни определени информации.
Ние ги користиме „колачињата“ со цел да ни помогнат да ги запомниме и процесираме производите во Вашата купувачка кошничка се со цел да понудиме подобра услуга кон купувачите. Преку Cookies не се прибираат лични податоци.
Дали ние доставуваме некакви информации на надворешни субјекти?
Ние не продаваме, не тргуваме или на друг начин не пренесуваме лични податоци на надворешни субјекти. Ова не ги вклучува доверливите трети страни кои ни помагаат за функционирање на нашиот веб сајт, ни го водат бизнисот или ве сервираат Вас, се додека тие страни се согласни да ја чуваат тајноста на податоците. Вашите информации може да бидат предадени во случај кога веруваме дека тоа е адекватно и е во согласност со законот, е во склад со нашите политики на веб сајтот, или ги заштитува нашите или туѓите права, имот и безбедност.
Надворешни линкови на нашиот веб сајт
Повремено, по наша одлука, ние може да вклучиме или да понудиме, производи/услуги од надворешни субјекти на нашиот веб сајт. Овие надворешни веб сајтови имаат посебни и независни политики на приватност. Од таму, ние не сме одговорни за содржината и активностите на овие веб сајтови.
Дали можам да ги видам и изменам своите податоци?
Да. Начинот на кој е тоа возможно е истакнат во рубриките Помош и Услови и правила.
Малолетни лица
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели. Ние нема намерно да прибираме или користиме лични податоци од малолетни лица.
Услови и правила
Исто така, Ве молиме да ја посетите нашата секција каде што се опишани Условите и правилата кои го определуваат користењето, напомените, ограничувањата и другите правила врзани за нашиот веб сајт.
Ваша согласност
Со користењето на нашиот веб сајт, Вие се согласувате со Политиката за приватност.
Промена на Политика за приватност
Доколку одлучиме да ја измениме нашата Политика за приватност, ние ќе ги објавиме овие промени на оваа страна и ќе ја наведеме датата кога таа промена е извршена. Оваа Политика на приватност е ажурирана Август 202023.
Како да не контактирате?
Доколку има прашања во врска со Политиката за приватност, Вие може да не контактирате преку формуларот за контакт, преку е-пошта на [email protected] или на телефонот за контакт 075/200-816 .
ОРГАНАУТС ДООЕЛ Неготино